Нашата компанија
Кожувчанка ДОО е формирана во 1993-та година во Кавадарци, Македонија. Основана е од браќата Никола и Стојан Јанчеви, со првична цел истражување и експлатација на минерална суровина и вода во подножјето на Кожуф планина. По истражувањето на изворот, компанијата добива дозвола и концесија за експлатација, и со официјалниот почеток во 1995-та година почнува и развојот нa Кожувчанка како прва приватна минерална вода.